16/06/2024
нота.мк
Аналитичка Нота

Пази! Видлив воздух

Македонските власти тврдат дека 45 проценти од аерозагадувањето во главниот град Скопје доаѓаат од домаќинствата. Преку документарецот „Пази! Видлив воздух“ го пренесуваме гласот на невработени лица, невидливи за државата, кои живеат во импровизирани живеалишта во централниот дел од Скопје и на минусни температури се принудени да се греат на отпад. Покрај лакирано дрво, овие луѓе горат врати, палети, пластика, алишта и обувки за да ги згреат своите домови. Во едно од тие живеалишта измеривме дека живеењето во таква средина е екстремно опасно.

Поради аерозагадувањето, според податоците на Европската агенција за животна средина објавени лани во ноември, 5.580 македонски граѓани го загубиле животот во 2021 година. Загадувањето на воздухот доаѓа и од горењето влажни дрва, од старите возила увезени од ЕУ и од индустријата. Меѓу 2013 и 2023 година во земјата се увезени 340.300 користени возила: автомобили, камиони и автобуси.

Новинарскиот тим влезе и во Цементарница Усје и со директор во компанијата разговараше за отпадот што таму се горел и се гори, како и за казната за аерозагадувањето што фирмата не сака да ја плати.

Во документарниот филм се пренесени и ставови на доктори за последиците од загадениот воздух, а пренесено е и искуството со изразените алергиски реакции поттикнати од загадениот воздух. За смртните последици од аерозагадувањето зборувавме во Батинци.

Отидовме и во Швајцарија за да разговаараме со сопственикот на фирмата, која ја прави листата со најзагадени поголеми градови во светот, на која Скопје често има едно од првите десет места.

Во „Пази! Видлив воздух“ зборувавме и со Холанѓанец, кој пред околу четири години одбрал да живее во Скопје и кој се обидува да направи промена со поставување на сензори за детектирање на изворите на аерозагадување. Со сопствени и средства на пријатели досега со сопругата поставил 100 сензори во Скопје и сака оваа година да стигне до 220 во главниот град и 340 во целата земја.

Со градски советник од Зелен хуман град разговаравме за немањето желба за промени, а со експерт за автомобилизам за проблемот со увезените стари автомобили и кој дел во нив фали. Бидејќи еколошките теми се важни, тие треба да се тематизираат и решаваат.

Погледнете го документарниот филм „Пази! Видлив воздух“. Неговата и изработката на онлајн-текстовите е поддржана од Journalismfund Europe.

Автори: Александар Методијев и Сузана Мицева

journalismfund

Related posts

Видлив воздух, невидливи луѓе

Димитар Мицев

Странец се обидува да го подобри квалитетот на воздухот во Скопје

Димитар Мицев

Фалат 48 проценти од потребните инспектори за животна средина

Димитар Мицев

Трицифрени милионски штети поради аерозагадувањето во Македонија

Димитар Мицев
Се одчитува....

Discover more from нота.мк

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading