22/04/2024
нота.мк
Културна нота

Десетина настани и триесетина поети од девет земји за 35. Поетска ноќ во Велестово

На падините на планината Галичица, на околу 1000 метри надморска височина, се наоѓа Велестово. Селото чија местоположба е како измислена во некоја митска приказна –полуоткриена, и во пазувите на планината и со лицето кон езерото, загадочна и величествена истовремено. До населбата се стигнува по тесен и стрмен, но асфалтиран и добар пат. И таму, во мешаницата од стари куќи со дрвени чардаци, и новоградби кои како да го оплодиле каменот па се начичкале врз и околу него, сред селото, три и пол децении се плете уникатна поетска везба. Песна што ја започнал творецот на Фестивалот, поетот Славо Ѓорго Димоски, со еден котелец што го нарекол –пркос и уште неколкумина истомисленици, се случило тоа судбоносно читање кое и без да знаат, прерасна во симбол на селото, на Охрид, но и на поетска Македонија.

Годинава, кога Фестивалот се потврдува како еден од најстарите и со најдолга традиција во земјата и во регионот, во Велестово и Охрид се мешаа поетските гласови и изрази на десетина јазици. Околу 30 поети од девет земји дојдоа и ги вплетоа и своите поетски игли во велестовската песна-риза. Се слушаа и творбите на оние млади препејувачи и поети кои штотуку го пронаѓаат својот поетски глас и израз, ги вкусуваат првите поетски залци и одбираат како ќе ги зачинуваат понатаму своите песни, и конечно, дали би можеле да го џвакаат лебот на поетот.

На прекршувањето на четвртата деценија, јасно се гледа дека предизвикот да се викне песна од високото, не е само пркос, туку и одговорност, кон оние што се осмелиле, охрабриле и почнале, и оние што пред нас се искачиле да ја засилат велестовската песна. Сега веќе, се чини е полесно. Она место што го натапкале чекорите на книжевните примери, и што го натопиле со песна оние чии гласови ги замислуваме прелистувајќи ги нивните книги, служи и како книжевен олтар каде се поклонуваат оние што сѐ уште веруваат дека зборот е порака, патоказ и аманет.

Се одчитува....

Discover more from нота.мк

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading