04/03/2024
нота.мк
Uncategorized

Бисера: Без љубов нема успех во професијата

Малку магија во рацете, многу труд и една љубов доволна три децении да биде центарот на еден професионален живот. Тоа со зборовите со кои може да се опише Бисера Манишева, жената која ја навршува третата декада од остварувањето на еден детски сон-отворањето на салон за убавина. Секогаш ведра, таа нѐ пречекува во светлиот и простран салон на струмичката чаршија. Веднаш раскажува колку е бучно пред празниците, но и како се менува стилот на жените од деведесеттите до денес.

Bisera

Празничната залуденост не е константна, поизразена е пред Нова година, вели Бисера. Во овој период пред Божиќ, пак, сѐ е некако посмирено, а клиентките бараат класични услуги: кратење или фенирање на косата. Но, како се станува дел од оваа професија, се носи ли како повик во себе, или човек се определува попатно низ растењето и созревањето, себеспознавањето.

Нашата соговорничка се сеќава кој прв ја вовел во работата, а бројот на оние што таа ги подучила е голем, не се сеќава колку млади девојки и жени од неа учеле за занаетот, ги усовршувале вештините. И за крај, на човек му здодеваат познатите нешта, па и комфорот ако предолго трае. Но, Бисера вели дека од фризерството не се изморила. Го проширува малиот бизнис, секогаш размилсува за воведување новини, учење нови нешта.

bisera

Од оваа работа се живее, може да се рече и достоинствено. Но, со добар план и без луксузи.

Под сјајаот на празничната радост, кога се среќаваме со блиските, саканите, кога се сеќаваме на она што е значајно. Да се присетиме и на оние тивки и вредни луѓе кои ни го чинат животот побогат, го исполнуваат со ситни задоволства, а се потребни на заедницата. Потребни во општеството, но честопати заборавени, како и нивните занаети кои полека се трансформираат под влијание на грубиот консумеризам и масовните бизниси, каде во личните приказни, чаршиските случувања и духот од малите места се сметаат за нешто застарено и ретко кому му се важни.

Камера и монтажа: Кире Пиличев

Остави коментар

Discover more from нота.мк

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading