16/06/2024
нота.мк
Политичка нота

Демократијата и напредокот – права или обратнапропорционалност?

Демократијата е најлошиот систем…Освен сите останати….

Винстон Черчил

Преовладувачката интелектуална клима е целосна верба во демократијата. Колку е „подемократска“ земјата, толку подобро за неа. Се смета дека демократијата и економскиот просперитет се поврзани.

Шведската социјалдемократија со нејзината социјална држава се смета дека го имаат постигнато највисокиот степен на развој.  Равенката вели вака: поголема политичка слобода = побогата земја. Само да станеме демократи, и економијата ќе процвета. Па, нема. САД и западноевропските земји не се единствените примери на демократии. Прво настана атинската демократија, па има бројни „трети“ демократии во светот“: Индија, Израел и бројни земји од Латинска Америка. Но, тие не се толку познати. Зошто?

swedish

Либералните економисти (на пример, види Прокопјевиќ, Уставна економија), јасно стојат на гледиштето дека политичките и економските Слободи се две различни нешта. Една земја може да биде демократска и сиромашна – како Индија или Израел, или диктатура со силна економија (Чиле, азиските тигри, Кина). Најдобро е кога ќе се спојат двете слободи, но тоа е прилично ретко. Модерни примери се Швајцарија, Естонија, САД, но и тие не се совршени – на пример, САД имаат прогресивен данок на приход.

Индија и Латиноамериканските демократии не се толку познати бидејќи се сиромашни и оптоварени со внатрешни превирања. Тие земји се демократски. Имаат слободни избори, институции, поделба на власта. Само им недостига една суштинска ставка: богатство.

Логиката вели дека ако демократијата е владеење на сите, така и власта треба да се стреми да обезбеди економијата да функционира во корист на сите. Зошто тогаш нема јасна корелација помеѓу демократијата и богатството? Можеби одговорот треба да се бара во самата природа на демократијата. Се верува дека едно општество може да има две цели: слобода и еднаквост. Тие две цели меѓусебно се противречни. Колку повеќе слобода има, на способните ќе им биде подобро, и се создаваат разлики кои на помалку вештите ќе им бодат очи. Колку повеќе се бара еднаквост, толку повеќе ќе се кочат способните и општеството ќе стагнира.

demokracy

Демократија

autocracy

Сега се поставува прашањето за општествените цели и перцепцијата: што е подобро? Аргументите на социјалистите говорат дека подобри се прераспределбата и стабилноста. Либералите велат дека е подобар растот и, на долг рок, зголемување на сечиј просперитет. Во пракса се покажа  точноста на либералните аргументи. Сите земји кои се богати денес, САД, Западна Европа, земјите од Комонвелтот, имаа период на пазарна слобода кога е изграден нивниот сегашен просперитет. Но, тој период беше завршен 18 или 19 век, кога некои од нив не беа ни демократии. Зошто демократиите почесто избираат социјализам? Само треба да ја погледнеме една од првите познати демократии, Атина на почетокот на 6 век п.н.е. Еден од столбовите на Солоновата реформа беше отпишувањето на долговите. Каде ќе најдете поголем социјализам? Кога демократијата била повторно воспоставена на крајот на VI век, малку по малку се воспоставија мерки насочени кон помош на сиромашните и не толку сиромашни граѓани. Можно е одредено повлекување на паралели со Европа во XX век. Сѐ почести станаа државната  интервенција и социјалните мерки. Иако јасно се гледа нивната неуспешност – комунизмот пропадна – сѐ уште не се откажува од државната интервенција.

Каде е „грешката“ на демократијата?

Одговорот би бил: во балансот на моќта. Демократијата дефинитивно се смета за најдобар тип на државно уредување (точно) и се смета дека народот при гласањето не греши (погрешно). Зарем народот на фер и демократски избори во 1933 не им даде најголем број места на нацистите и комунистите (за оние кои не знаат: Хитлер беше назначен за канцелар за да ги спречи комунистите да ја преземат власта. Успеа, но…). Какви само глупости изгласуваше атинското собрание за време на Пелопонеската војна (кршење на примирјето, егзекуција на способни адмирали). Чавез беше избран на слободни избори. Тоа е демократија: владеење на народот. Проблемот на демократијата (и на било кое друго уредување) е во апсолутноста на моќта. Неограничена тиранија и неограничена демократија имаат многу сличности. Лорд Актон рекол: секоја власт корумпира, апсолутната власт – апсолутно корумпира. Ако не постои ефективно средство за ограничување на владетелите, тие ќе имаат природна тенденција да ја практикуваат власта (само) за своја корист. Демократијата е најправеден начин на одлучување, затоа што се почитува мислењето барем на мнозинството граѓани. Бидејќи во демократијата владее народот, тоа значи дека може 50% + 1 да ја наметнат својата волја над другите. Тие би можеле, ако немаше ограничувања, да ги испратат останатите на принудна работа, или во затвор, и сето тоа би било демократски. Бидејќи е природен факт дека има помалку богати од средната класа, а овие пак се помалку од сиромашните, не е чудно што власта владее според волјата на економски послабото мнозинство.

people power

Мнозинството природно бара својата политичка моќ да ја претвори во економска. И, ете ја социјалдемократијата. Таа е природен продукт на демократската политика. Сиромашното мнозинство не сака да чека да се развие целото општество за да им порасне стандардот. Зошто да се чека, кога сѐ можат да добијат преку социјалните трансфери (тн. ограбување на богатите) и со помош на власта? И секако, сето тоа е демократски, затоа што народот не греши.

Меѓутоа, сите грешат, вклучително и луѓето за кои станува збор (Милошевиќ е демократски избран..првиот пат). Моќта корумпира. Никој не е имун на напади на љубомора и себичност, секој понекогаш има лош ден. Но, како да се спротивстави кога тоа му се случува на целиот народ? Сигурно не се воведување диктатура. Во никој случај. Решение најдоа две нации, татковини на долгата и славна традиција на заштита на правата: систем на кочници и рамнотежа. Поделба на власта помеѓу владата, собранието и судството. Првите две не се многу имуни на притискот на народот (гласачите). Третата – е.

Кој ја штити слободата?

Конечно доаѓаме до одговор на прашањето, со што е во корелација економската сила.Напредокот зависи од степенот на економска слобода. Слободата што ја загрозуава токму нашата демократска држава. Власта не е имуна на злоупотреби само затоа што е демократска. Но, таа не е семоќна. Колку институциите се помоќни, особено судството, во однос на владата и собранието, толку економијата ќе биде посилна. Судот ги штити договорите и човековата слобода од нападите на власта. Никој друг освен Врховниот суд не смеел да се спротивставува на идеите на Рузвелт. Кој го создава обединетиот европски пазар? Судот, со своите пресуди, додека државите  со сите сили се обидуваат да го запрат слободниот проток на луѓе и стока. Затоа Велика Британија била прва земја во светот во текот на XVIII и XIX век. Таа не била демократска, но била слободна, затоа што имала суд што ги штител  човековите права и ја зауздувал власта. Во XX век, Велика Британија е апсолутно демократска, но трганала во катастрофален социјалистички експеримент после Втората светска војна.

human rights

Како се одзема слободата?

economy democracy

Како да се спречи нападот на демократската власт врз човековата слобода? Прво и најважно: треба да се препознае дека демократската власт, како и секоја друга, е закана за слободата. Но, тоа е тешко да се увиди. Затоа што демократија е владеење на народот, а јас сум дел од народот. Точо, но, само дел. Можно е еден дел од народот да го тиранизира другиот. Демократски. Но, тоа во отворена форма е реткост. Непријателите на демократијата практично никогаш не ја освојуваат власта на чесни избори. Но, прикриениот напад на демократијата доаѓа од друга насока: државен интервенционизам. Почесто поради левичарските идеи за „правда“ и „социјална еднаквост“ се меша во сите аспекти на животот. И потешко е да му се спротивставите бидејќи е прикриен и доаѓа од „нашата“ власт. Тоа што таа интервенција има за цел помагање на одредени општествени групи (фармери, организирани работници, домашни производители) на кои таа помош не е неопходна, не се забележува. Запрепастува фактот што даночните обврзници не забележуваат дека се ограбени. Не оди по логиката: одземам од богатиот за да му дадам на сиромашниот. Прераспределбата повеќе оди во правецот: одземам од сиромшаниот за да му дадам на сиромашниот.

Дали демократијата е закана за напредокот?

По сето она што го зборувавме, се чини дека е издржана оваа констатација. Проблем се примерите. Ги имаме на располагање само Атињаните, XIX и XX век. Но, грубо кажано, XIX беше време на економска слобода, а XX век на државна интервенција и „цветањето“ на демократијата. Либералните реформатори можеме да ги преброиме на прстите од едната рака. Тие (М.Тачер, Р. Реган), направија чудо и помогнаа за рушење на комунизмот, но нивните наследници се одрекоа од нив многу брзо. Сега постои еденбирократски конгломерат наречен ЕУ, каде проблемите настанати од државната интервенција, се решаваат со уште поголема интервенција, каде што постојат страници и страници закони,  уредби и акти.

Проблемот е во перцепцијата: Европа денес е богата во споредба со останатиот свет. Ако се продолжи по патот на интервенцијата, тоа ќе се промени. Без оглед на демократијата и граѓанските права.

autocracy

Андреја Вражалиќ

Се одчитува....

Discover more from нота.мк

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading