16/11/2026
нота.мк
Аналитичка Нота

За екологистите во Македонија нема место за нови рудници

Премала е државата за во неа да се планираат нови рудници. Вака размислува поранешната пратеничка и долгогодишна активистка, Лилјана Поповска, која последниве години е најактивна на полето на борба против отворање рудници во Југоистокот. Таа доаѓа од Скопје во Струмица, специјално да ги поддржи соборците кога организираат трибини и протести и со нив го дели ставот, дека тука може да се огледува зеленчук и овошје, или да се развива рурален туризам, но не загадувачка индустрија.

„И овие рудници што постојат веќе ѝ тежат на природата. Не гледам каде може нови рудници да се стават без да се направи штета на живеалиштата, на градовите, на селата, на плодни почви, полиња или заштитени подрачја“, вели Поповска.

liljana popovska

Така размислува и гевгеличанецот Ангел Наков, кој пред седум години ја мобилизираше Југоисточна Македонија да се спротивстави на геолошките истражувања на планината Кожув, а потоа и на отворањето на рудникот Боров Дол кај Валандово и Иловица кај струмичките села Иловица и Штука.

„Она што најмногу нѐ исплаши е многу веројатната употреба на цијанидот кој би бил неопходен за одвојување на златото и бакарот од рудата. Замислете, цијанид кој е забранет за употреба насекаде низ Европа, овде ќе се користи со тони. Каде ќе завршува тој смртоносен отров? Во надземните, подземните води, во почвата а потоа и на нашите трпези“, вели Наков од „Спас за Гевгелија“.

Angel Nakov

Рудници на Кожув засега не се планирани, а активистите и понатаму не мируваат, бидејќи во меѓувреме се планира изградба на две мали хидроцентрали на реката Дошница. Искуството досега покажува дека како и со рудниците, мал е бенефитот за државата-голем за инвеситорите. А, на природата и остануваат опустошени ридови и пресушени реки.

Владата планира да рестартира стари и да отвори нови рудници

Нови рудници сепак се зацртани во програмата на Владата. Предвидени и запишани уште во нивната предизборна програма, меѓу 1198-те проекти. Еден ќе биде за манган, во околината на Струга, Дебрца, Кичево, Дебар и Центар Жупа. Во програмата се наведува дека вадењето на манганова руда од рудникот Стогово ќе го подобри економскиот развој на регионот. Во околината на Кичево се предвидува и втор рудник-Тајминште. За таму се планира избор на концесионер за како што стои во програмата „соодветен метод за експлоатација на железна руда“. Кај Кратово и Пробиштип се планира отворање на рудник Плавица (Црн Врв). Тоа треба да бид ерудник за злато, бакар и сребро. За нешто повеќе од една година предвидено е да се отвори рудникот Лојане-Липково. За оваа локација треба да се избере концесионер и рудникот да се стави во функција.

Од Министерството за рударство велат дека плановите се да се оди со одговорно рударство, со почитување на сите современи еколошки стандарди.

„Се размислува најпрво да се рестартираат два затворени рудника, а потоа да се пристапи и кон отворање на неколку нови локации“, ваедуваат од Министерството за рударство, енергетика и минерални суровини.

Екологистите на „штрек“ со работата на новото министерство

Активистите се будни кога станува збор за новото министерство за рударство, енергетика и минерални суровини. Струмичанецот Ѓорги Танушев од Здрава котлина ги следи не само аспирациите на инвеститорите за македонските рудни и минерални богатства, туку и движењето на парите. Според него, целта на корпорациите е да го максимизираат профитот, а во земји како Македонија, каде контролата честопати потфрла што покажуваат и ревизорските извештаи, тоа би било уште полесно. Во момоентов тој е фокусиран на Стратегијата за рударство и

gorgi tanusev

„Имаше сет на забелешки кои се однесуваат ан Сратегијата, на заклучоците. Ние бевме вклучени, но ја немаме финалната верзија. Сакаме да сме сигурни дека нашите забелешки ќе се земат предвид. Ова е долгорочен документ, над 20 години и секогаш кога ќе има проблем ќе се повикуваме токму на овој документ. Да се договориме каде може, а каде не може да се копа, бидејќи апетитите на рударите се преголеми за површината на Македонија. Инаку, ние веќе воспоставивме контакт со министерството и очекуваме да поразговараме за сите значајни аспекти и да постигнеме консензус за овие жешки точки“, вели Танушев.

Поповска, пак го вклучила алармот за будност со самото формирање на министерството.

liljana popovska

„Ме загрижува отворањето на посебно министерство, бидејќи на тој начин рударството добива на поголемо значење. Јас не можам да бидам против рударство во некоја голема земја, генерално рударство има во цел свет, но, каде што има просторни можности. Не знам веќе колкупати сум повторила, Македонија е мала земја нема простор за тешка загадувачка индустрија, а рударството е најтешката и најзагадувачката индустрија. Навистина не знам во која насока ќе се развиваат, во очекување сме сите екологисти, на „штрек“ во поглед на ова министерство“.

 Според Поповска, важно е да се создаде една соработка помеѓу граѓанскиот сектор и ресорните министерства за да може да им се слуша гласот при носење  важни стратешки одлуки, но и закони по најважните прашања за животната средина.

„И една добронамерна сугестија, мислам дека би било многу добро кога министерството не само ова туку и за животна средина би организирале една заедничка средба со луѓе од еколошкиот сектор, со активисти кои се занимаваме со ова со години, што сме посветени на овие теми, да разговараме, да си размениме ставови. Да си кажеме што мислиме да ги кажеме и своите очекувања. Знаете, има многу сериозни теми што очекуваме Владата да ги отвори. Изготвен е закон за води којшто не е донесен, заедно со граѓанскиот сектор, со експертската фела, одличен закон. Изработен е закон за контрола на индустриско загадување, исто така не е донесен. И тој беше многупати менуван“, наведува Поповска.

За различни рудници, различни „аршини“

Во една ситуација промовираат рударство, а, во друга се пишманат за она што го зборувале. Имаше повеќе вакви примери во минатото. Поранешниот директор на Макеоднската асоцијација на рударство, Николајчо Николов, познат и како долгогодишен директор на рудникот Бучим, во една изјава за медиумите пред неколку години, објаснувајќи дека не може да им се помогне на жителите на Бучим кои се жалеа на постојани тресења, бучава од работата на рудникот кој работеше буквално во нивните дворови, но и на многуте штети на куќите, рече дека рудникот носи бенефит за цел Радовиш и неодговорно е да се зборува за негово затворање. Сепак, се согласи дека тоа било погрешна одлука од минатото. При отворањето на рудникот Бучим, изјави Николов, требало да се дислоцираат двете села – Бучим и Тополница. На прашањето дали рудник за злато и бакар треба да има во Струмица, каде се произведува храна за речиси цела Македонија рече – не.

Со овој текст, НОТА.мк се приклучува на иницијативата за зголемена транспарентност на институциите што Институтот за комуникациски студии ја спроведува во соработка со медиумите во рамките на проектот „Користи факти“, кој е поддржан од Британската амбаса

Related posts

Се одчитува....

Discover more from нота.мк

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading