16/11/2026
нота.мк
Аналитичка Нота

Половина од приходите од туризмот ги носат ветриштата на сивата економија

Верица Крстевска во Дојран живее од туризам, поточно од издавање студија и апартмани на домашни и странски туристи. Нејзината сезона трае околу шест месеци, од мај до октомври, но не се жали и во другиот период од годината. Има редовни гости кои ја посетуваат и во доцна есен и преку зимата.

Доаѓаат за воздухот, на риба. Мирно е во Дојран, идеално да се одмори човек, вели Верица која е од Скопје, но поради работата најголемиот дел од времето го минува во Стар Дојран.

Нејзината вила, наследство од родителите, не е во најпосакуваните локации – покрај брегот, туку во повисокиот дел, но, вели дека тоа не ги спречува гостите да ги закупуваат термините бидејќи нуди квалитетно и удобно сместување. Најмногу издава преку платформата Букинг, а спонзорира реклами и преку социјалните мрежи. Сѐ нa сѐ, смета Верица, без вложувања не може да се очекува добивка.

На Букинг плаќаме околу 20% од вредноста на ноќевањето, имаме давачки на општината, си бара да се плати реклама, одржувањето на апартманите, тоа се некои фиксни трошоци. Да не зборувам дека на неколку години треба да се обновува дел од инвентарот и мебелот, набројува Верица.

И со вакви трошоци, си го наоѓа есапот, но, најмногу ја лутат непријавените индивидуални издавачи.

Тоа се пари кои треба да се реинвестираат. Да си плаќа секој чесно, ќе имавме подобра инфраструктура, ќе инсистиравме од општината на трајно решавање на проблемот со недостаток на вода во летниот период. Сега излегува дека сите ние што плаќаме сме наивни. Во екот на сезоната сѐ е полно, а којзнае колку не се пријавени, па се оптоварува канализационата и водоводната мрежа и станува тешко да се пружи нормална услуга на туристите. Замислете возеле од Србија, дошле во Дојран да одморат и преспијат нема вода да се истушираат, вели Верица.

Милион ноќевања годишно остануваат непријавени

До еден милион ноќевања годишно остануваат непријавени во Македонија. Забелешките на нашата соговорничка се само дел од штетите што ги трпи локалниот туризам, општинската каса и државната економија. Поранешниот директор на Агенцијата за туризам и универзитетски професор, д-р Љупчо Јаневски, смета дека сивата економија секоја година го оштетува буџетот за околу 250 милиони долари.
Тука не спаѓаат само непријавените ноќевања, туку и другите услуги во туризмот, храната, трговските дуќани и сл.

Според светската туристичка организација – UNWTO во балканските земји сивата зона во туристичката индустрија се движи помеѓу 40 – 45% што преставува силен притисок кон реалниот туристички сектор и демотивирачки фактор за инвестирање во оваа туристичка гранка на долг рок. Во нашата земја според истите извори во 2023 година се постигнати 598,5 милиони долари туристички промет и директен или индиректен ангажман на работна сила од 35000 луѓе на трајно или сезонално вработување, вели Јаневски.

Тој набројува кои се прчините за толкавиот процент на неформалната економија во туризмот. Според Јаневски локалните самоуправи имаат мал број или воопшто немаат туристички инспектори. Недостигаат регистри на категоризирани приватни сместувачки капацитети и станоиздавачи на локално ниво, а нема ниту прецизна статистика и можност за спроведување контроли за плаќање на туристичката такса, што повлекува затајување и на друг тип даноци во државата.

Немањето на туристичката инспекција и туристичка полиција отсуство на дигитализација во туризмот и платформа Е- туризам за реални и благовремени статистики и движења во овој сектор ме наведуваат до заклучок дека дадените податоци за сивата економија од страна на UNWTO во нашата земја можат да бидат и поголеми. Сметам дека на годишно ниво во сивата зона на туристичката индустрија кај нас се вртат милиони долари со неможност за евидентирање на најмалку еден милион ноќевања и оваа состојба само ќе се продлабочува доколку не се реархитектуира македонскиот туристички сектор според неговата поставеност од регионалните и европски земји, заклучува Јаневски.

Државата планира со вмрежување на институциите да ја засили борбата против сивата економија
Министерството за финансии вели дека неформалната економија како комплексен феномен е широко распространета и се јавува во различни форми и облици, што пак ја отежнува детекцијата и нејзината формализација. Тие посочуваат дека најчести облици (сегменти) на сивата економија се: неиздавање сметки, затајување данок, исплата на плата во плик, неформалната вработеност, непријавената работа на
нерегистрираните работници во личните и домашните услуги, купување производи од неформалниот сектор (неригистринани дејности, е-платформи) и слично.


Според Министерството, имплементацијата на Стратегијата за формализирање на неформалната економија е едно од клучните решенија на овој проблем.

Во насока на намалување на неформалната економија Министерството за финансии е веќе во тесна соработка со сите други надлежни институции кои се засегнати со ова прашање и работат на имплементација на Стратегијата за формализирање на неформалната економија 2023-2027 година. Донесен е акциски план и се спроведуваат активности согласно акцискиот план, информираат од МФ.

finansii


Од министерството велат дека се спроведуваат активности за утврдување на нивото на неформална економија во земјата и пресметка на индикатори за неформална економија со цел полесно справување со оваа појава.


Се работи и на воспоставување систем во рамките на МФ за прибирање, обработка и размена на податоците, односно софтверска алатка преку која ќе се разменуваат податоци, информации, извештаи и комуникација помеѓу засегнатите институции со цел поефикасно детектирање, следење и делување во насока на намалување на неформалните активности. Клучно во оваа насока ќе биде јакнењето на свеста за неформалната економија и јакнење на даночниот морал и доверба во институциите, велат од Министерството за финансии.


Од Институтот за економски истражувања и политики, Finance think, посочуваат три главни сегмента на сивата економија: нерегистрираните микро-вршители на економска дејност, и нецелосното пријавување на трудот, како и потпријавување на прометот со цел да се избегне плаќање на ДДВ. Во таа насока експертите од Finance think велат дека може да се преземат повеќе активности.

finance think

Во делот на нерегистрираните микро-вршители на економска дејност, студијата предвидува воведување монотакс систем, односно единстван давачка која на овие вршители ќе им обезбеди социјално осигурување и правна заштита на нивната дејност, а која нема да го оптоварува микро-бизнисот, но со истовремено зајакнување на испекцискиот надзор. Во делот на потпријавениот доход, студијата исто така нуди повеќе препораки. Важно е сите препораки да се извлечат од анализа на локалниот конктекст, спроведена со податоци, наместо директно да се прекопираат решенија кои евентуално функционирале во друга држава, велат од Finance think.


Finance think велат дека генералните анализи говорат дека после 2021 година стагнира растот на сивата економија, но треба да се работи на нејзино намалување.


Не треба да навлегуваме колку точно изнесува сивата економија – поради различноста на методите со кои таа се мери, се добиваат различни нивоа на сива економија. И таквото споредување – овој вели е 20%, друг вели е 40%, стана дегутантно, бидејќи она што е важно не е нивото, туку трендот – дали таа се намалува или не. Во моментот, такви знаци нема, додаваат од Finance think.

Управата за јавни приходи вели дека имаат добро екипирани тимови на инспектори и редовно се вршат контроли. За година и половина поднесени се околу пет илјади пријави по различни основи.

Во 2023 година по основ на пријави за неправилности поврзани со фискални сметки, даночно затајување, неправилности поврзани со социјални придонеси, непрофесионално однесување на вработени во УЈП, неправилности на др институции поднесени се 3.606 пријави по кои е постапено. Во првиот и вториот квартал на 2024 година поднесени се 1280 пријави за неправиности поврзани со фискални сметки,
даночно затајување, неправилности поврзани со социјални придонеси, непрофесионално однесување на вработени во УЈП, неправилности на др институции. По истите е постапено и преземени се понатамошни постапки согласно со Закон, велат од УЈП.

УЈП


Според УЈП, една од клучните алатки против даночна евзаија е воведувањето на е-фактурата, која треба да го олесни деловното работење на компаниите, оданочените предмети ќе доаѓаат во УЈП во реално време и ќе имаат точно пресметани даночни обврски.

Со овој проект ќе се имплементираат посигурни системи за известување и е-услуги односно, нови дигитални солуции: е-фактура, е-плаќање, е-издавање на документи, кои ќе овозможат поврзаност и комуницирање на УЈП со „природните” системи на даночните обврзници и преземање на трансакции, односно, процесите на оданочување и известување до УЈП ќе се инкорпорираат во системите на даночните обврзници како вграден дел од нивното бизнис работење. Пресметувањето на даночните обврски на некој начин ќе биде интегрирано во самото деловно работење, во системите на даночните обврзници кои ќе бидат поврзани со УЈП, објаснуваат од УЈП.


И институциите и експерите велат дека е сложено да се процени сивата економија во
државата. Предвидувањата се движат во рангот од 21.3% до 39.5% од бруто
домашниот производ.

Со овој текст, НОТА.мк се приклучува на иницијативата за зголемена транспарентност на институциите што Институтот за комуникациски студии ја спроведува во соработка со медиумите во рамките на проектот „Користи факти“, кој е поддржан од Британската амбаса

Се одчитува....

Discover more from нота.мк

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading