04/03/2024
нота.мк
Актуелна Нота

Велков: Владата самоволно ги споила концесиите за рудникот Иловица- таквиот предлог е отфрлен од судот

Криминоген чин и демонстрација на самоволие – вака ја оценуваат активистите против рудници одлуката на Владата да ги спои концесиите на Еуромакс за рудникот Иловица. Според објавената пресуда, таквиот предлог е отфрлен од Управниот суд, но, сепак, Владата донесе одлука за спојување која пак, не се појави во известувањата од одржаната владина седница, туку дуректно во Службен весник. Активистите сметаат дека владејачката партија СДСМ е во паника по силниот отпор на граѓаните против последните случувања со рудникот, како и вклучувањето на тетовски Еколог во целата приказна. Затоа повикот за референдумска разврска на иднината на рудникот Иловица го сметаат за чиста манипулација. Претходно, резултатите од локалните рефернедуми што се одржаа во неколку општини во Југоистокот се прогласија за несутавни, според одлука на Уставен суд. Активистите против рудници организираат голем протест овој викенд во Струмица. Повикуваат на поддршка од граѓаните и блокирање на централната раскрсница во Струмица кај трговскиот центар Глобал.


Велков: Владата самоволно ги споила концесиите за рудникот Иловица- таквиот предлог е отфрлен од судот

Камера и монтажа: Кире Пиличев

Остави коментар

Discover more from нота.мк

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading