16/06/2024
нота.мк
Актуелна Нота

Зошто Струмица е на врвот на најзагадени градови во државата

Влажни огревни дрва, горење отпад, сообраќајот, индустријата или сите заедно. Што е најголемиот загадувач на воздухот во Струмица? Прашањето е горливо за граѓаните кои се гушат во чад, смрдеа и магла што може да се пресече со нож. Без релевантни и опсежни истражувања за овој прболем, обвинувањата се темелат најмногу на претпоставки и логично расудување.

Ѓорги Танушев посвети години во борба за зачувување на чистата животна средина. Неговиот фронт е бробата против отворање рудник, нерегулираните депонии, но и загадувањето на амбиенталниот воздух. Танушев вината за загаденоста најпрво ја бара кај индустријата или како што активистите ја нарекуваат „канцерогена бизнис мафија“.

Активистите велат дека планираат и посериозни акции, како и кампања против загадувачите. Сензибилизирањето на јавноста според нив е клучен момент за да се притиснат инситтуциите посериозно да се занимаваат со проблемот.

Штетниот воздух ги празни улиците. Градот блеска предновогодишно, но струмичани коментираат дека не можат слободно да шетаат кога надвор е тешко да се дише.    

 Општината се согласува дека проблемот е голем, а работното место инспектор за животна средина останува едно од најнепопуларните работни места, па општината има само еден. Градоначалникот како и актвиистите вели дека постојат повеќе и сложени фактори за загадување. Костадинов објаснува дека се издвојуваат средства за борба против загадувањето, следната година заедно со УНДП ќе спроведат проект вреден 20 милиони денари каде штипската универитетска лабораторија АМБИКОН ќе мери ниво на загадување но и можни причинители. Силни контроли и инвестиции се и препораките на активистите.

И додека се стигне до тие мерки струмичани се молат на погодни временски услови, силен ветер или дожд кои барем за малку ќе им ја разбистрат глетката, но и воздухот што го дишат.

Related posts

Видлив воздух, невидливи луѓе

Димитар Мицев

Странец се обидува да го подобри квалитетот на воздухот во Скопје

Димитар Мицев

Најавената пријава од Арсовска против Усје и по една година ја нема

Димитар Мицев

Пази! Видлив воздух

Димитар Мицев
Се одчитува....

Discover more from нота.мк

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading