22/04/2024
нота.мк
Културна нота

Допрва доаѓа времето на македонската фолклористика

Времето на Марко Цепенков допрва доаѓа, вели директорот на Институтот за фолклор, Ермис Лафазановски. Тој смета дека дури во овој 21 век ќе се види полното значење на овој непроценлив собирач на народно творештво, бидејќи оваа и следните генерации фолклористи и научници многу подлабоко ќе навлезат во толкување на собраниот материјал. Во современието, таков профил е струмичанецот Иван Котев, кој има неколку десетици илјади единици фолклорен материјал. Сепак, тој е ретка појава во македонската фолклористика, бидејќи освен што го собира и го проучува фолклорот.

Точно е дека двете работи многу тешко можат да се спојат и Иван Котев е еден од тие коишто успешно успева и научно да ги проучува фолклорните материјали што ги собира. Проф. д-р Ермис Лафазановски-директор на Институт за фолклор „Марко Цепенков“ Скопје

Ermis Lafazanovski

За фолклористичкото дело, а особено проучувањата на неговиот труд неодамна се објави Монографијата „Иван Котев – меѓу фолклорот и животот“. Приредувач е Ана Витанова – Рингачева, која смета дека собраните материјали на Котев, пак, допрва треба да се објавуваат и проучуваат во различни научни области и за различни цели.

Ana Vitanova Ringaceva

Тоа ви е конзервиран јазик. Веќе изумреа старите коишто знаеја да го говорат тој дијалект, особено по селата. Ама, приказната не умира. Таа останува бидејќи некој ја запишал и ни ја оставил во аманет. Ова е времеплов и на јазикот. Проф. д-р Ана Витанова Рингачева 

Котев е длабоко навлезен во деветтата деценија од животот, но неуморно работи на дешифрирање на она што го собрал во полувековната собирачка дејност. Во моментов работи на три книги, а за струмичкиот регион вели дека е плодна почва за собирачка и фолклористичка работа.

Ivan Kotev

Струмичкиот регион има уште многу за работа, ова е само почеток. Овој регион изобилува со фолкор од сите видови, приказни, песни, кажувања, легенди, спортски игри. Тоа е едно вистинско богатство, но не може само еден човек да го собере. Иван Котев – фолклорист 

Досега, Иван Котев има објавено 15 книги со народни умотворби.

Фотографии од промоцијата на Монографијата „Иван Котев – меѓу фолклорот и животот“

Извор на фотографии: Радио СтрумицаНет

Related posts

Во Секирник се негува музеј – реликвија на македонската традиција и култура

Сузана Мицева
Се одчитува....

Discover more from нота.мк

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading