16/06/2024
нота.мк
Културна нота

Во Секирник се негува музеј – реликвија на македонската традиција и култура

Стари садови, покуќнина, облека, парчиња накит, оружје, но и документи. Мал етно музеј собира Ѓорги Петров, професор во средното училиште Никола Карев, но и горд наследник на рускалиската традиција во Секирник. Овој млад човек не се двоуми да помине и стотици километри ако некој му понуди на подарок или по чесна цена некое старо парче полно приказни и историја.

rusalija

Ѓорги Петров раскажува се што треба да знаете за силниот жар да се сочува дел од некогашниот живот на претците, од традицијата. Почнал спонтано, но му се чини дека пораката на дедо му да го чува бежанскиот и русалиски дух имале силно влијание врз таа одлука.

Русалските игри се традиција што ја донеле бежанците од Егејска Македонија и ја сочувале до денеска. Ѓорги чувствува силна приврзаност кон неа бидејќи токму дедо му е еден од тие луѓе то ги предводел Русалиите во Секирник.

rusalija

Меѓу сите други нешта има и мошне стара русалиска облека. А поновата, онаа неговата, со радост објаснува од што е составена.

Необично хоби за толку млад човек, но, можеби токму младоста му го дава поттикот овој мал етно музеј, кој во моментов е сместен во неговата родна куќа во Секирник забрзано да расте. Затоа Ѓорги размислува да му даде поголем простор но и поголема видливост за да можат локалните жители, па и гости добронамерници да се запознаваат со животот во овој крај од почетокот на 20 век, како и културно наследство кое се сочувало и се негува меѓу секирничани, наследници на бежанците од Егејска Македонија.

Related posts

Допрва доаѓа времето на македонската фолклористика

Сузана Мицева

Филмуваните видеозаписи за русалиите

Некрстените денови од 6-19 јануари-време на обредните русалиски игри

Се одчитува....

Discover more from нота.мк

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading