03/03/2024
нота.мк
Актуелна Нота

Ило Малинов: Политичарите немаат храброст да се изјаснат за или против рудникот

Мирен летен ден во Иловица и Штука, двете населени места над струмичко – над кои треба да никне рудник за злато и бакар. Луѓето полека се прибираат од претпладневните полјоделски активности, па жешкиот период го минуваат во домовите или пред неколкуте продавнички. Главна тема е протестот што се организира за една седмица, но и последната владина одлука да се спојат двете концесии за рудникот. Жителите велат дека никој не сака да гледа рудник од својот дом, а оние што се за, добивале донаци во вид на земјоделски алати од концесионерот на рудникот.

Протест здрава котлина

Еден од најстарите активисти кој живее во село Штука, Ило Малинов, порачува да се преиспитаат политичарите за одлуките што ги носат, затоа што догодина треба да дојдат пред истото население да бараат гласови пред избори. Движењето против рудници во Југоистокот ќе преземе и други мерки. Контактирале со правници и имаат намера да се вклучат во правна битка против рудникот Иловица. Активистите закажаа протест на 15 јули. Повикуваат на масовност и планираат да ја блокираат централната раскрсница во Струмица, кај трговскиот центар Глобал. Концесионерот Еуромакс, пак, бара државата да овозможи отворање, на како што велат, најголемата странска инвестиција од осамостојувањето.


Ило Малинов: Политичарите немаат храброст да се изјаснат за или против рудникот

Фотографија: Гоце Тасевски

Камера и монтажа: Кире Пиличев

Остави коментар

Discover more from нота.мк

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading