16/06/2024
нота.мк
Актуелна Нота

Портокалова фаза и високи темепратури

Портокалова фаза и високи темепратури не се ништо ново за југот на земјата. Но, ова не се памети дека било вест во првата половина на месец јуни. Неподносливо топло и температури кои надминуваат 37 степени целзиусови цела седмица се реалност за жителите на Гевгелија, Дојран, Богданци, Валандово и Струмица. Денеска кога здравствените власти најавија внимателност и не препорачуваат движење во периодот од 11 до 17 часот по улиците на градовите е празно. Се движат само дечиња кои по најголемите жештини одат втора смена во училишта со прегреани простории кои немаат услови за ладење. Директорите на училиштата со кои контактиравме велат дека нема добиено други насоки за наставата, иако се трудат децата да не се изложуваат дополнително на сонце. Виските температури отвораат работа и за службите на итната медицинска помош.

Малкуте граѓани кои ги сретнавме на улиците и пазарите велат дека е преголема жештина но кога се мора се излегува.

Во Дојран, пак, каде е прогласена портокалова фаза, трет ден нема вода. Жителите од високите места на Стар Дојран полнат вода од цистерните за основни потреби.

Дефектот на пумпите за испумпување вода треба да се замени за ден до два.

Новинар: Сузана Мицева

Камера и монтажа: Кире Пиличев

Се одчитува....

Discover more from нота.мк

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading