16/06/2024
нота.мк
Актуелна Нота

Почетокот на летото и горештините Дојран го дочекува без вода

Почетокот на летото и горештините Дојран го дочекува без вода. Трет ден Стар Дојран нема вода иако надворешните температури надминуваат 35 степени целзиусови. Со цистерни се носи вода до повисоките места од градот каде најчесто има прекини во водоснабдувањето. Од општина Дoјран велат дека се прават напори да се реши проблемот во најбрз можен рок, но за замена на некои од пумпите за испумпување на водата се потребни до 48 часа. Жителите на Дојран веќе имаат големо искуство со снаоѓање со вода во летниот период, бидејќи тоа е еден од најчестите проблеми на градот. Дури се шегуваат дека имаат распоред на бањање, еднаш на неколку месеци, со оглед на тоа колку често градот нема вода. Градоначалникот на Дојран вели дека ќе се направат посериозни зафати за да се надмине проблемот со водоснабдувањето, бидејќи почнува туристичката сезона и се очекуваат голем број гости.

новинар: Сузана Мицева

камера и монтажа: Кире Пиличев

Related posts

Може ли Преспа да се спаси по примерот на Дојран?

Димитар Мицев
Се одчитува....

Discover more from нота.мк

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading