22/04/2024
нота.мк
Културна нота

Звукот на гитарата ги освојува струмичани

Еден ентузијаст професор по гитара, и десетина години подоцна – полни концерти сали и сцена со шеесетина млади музичари гитаристи. Вака може да се опише речиси дводецениската работа на Васко Пиличев, професор по гитара во струмичкото музичко училиште Боро Џони, кој љубовта кон овој инструмент ја пренесува на стотици ученици.

Изучувањето на инструментот не му е единствената преокупација, тој сака децата да ја почувствуваат и сцената, па така, веќе традиционално организира летни школи за гитара но и концерти со најразлични тематики и по секакви поводи. За последниот концерт што го одржаа се подготвувале два месеца, но, велат низ пробите децата стекнуваат и животна, не само музичка дисциплина.

gitari
Pilicev

Овој концерт го подготвувавме повеќе од два месеци. Имавме песни кои ги бевме подготвиле уште од летото бидејќи свиревме на летната школа во рамките на Струмица Опен Фестивал, така да половина материјал ни беше спремен, меѓутоа имаше нови моменти, нов материјал. Составот ни беше апсолутно ист, имаше неколку нови деца, за кои сум среќен поради тоа. Самиот процес на подготовка е многу потежок од самиот концерт. Концертот е едноставно само уживање. Подготовката си бара и жртви и време. Многу деца изгубија и од тестовите неколку пати, бидејќи пробите траеја и по два, три или четири часа, се правеа многу често. Самиот процес на подготовка е многу потежок од самиот концерт но и за тоа не жалиме. Се исплатеше, уживавме и сѐ беше како што треба.

Vasko Pilicev

Преполните сали не ги изненадуваат. Струмичани бараат место повеќе за музицирањето на младите таленти. Пиличев верува дека на тој начин се гради сосема нова слика за културата во градот но се обликуваат и музичките вкусови на цела генерација млади луѓе.

Pilicev

Школата за гитара во меѓувреме работи со полна пареа, а наскоро почнуваат и нови интензивни подготовки за концертите што ќе се одржат во летниот период. Некои од учениците што поминале низ школата за гитара со музика продолжиле да се занимаваат и професионално, но на сите таа засекогаш им станува дел од животниот стил.

Се одчитува....

Discover more from нота.мк

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading