03/03/2024
нота.мк
Актуелна Нота

Активистите: Седма година сме на улиците, нема да не фатите на кондиција

Скандирања, свирежи, пароли со народен бунт. Вака беше два часа на главната раскрсница во Струмица. Река граѓани од регионот но и од цела држава дојдоа да кажат дека не дозволуваат отворање на рудник над плодното струмичко поле.

„Дојден сум со коса, ова е алатка за косење трева, за јонџа. Така ќе биде покосена и младината ако се отвори рудникот“, вели граѓанин на протестот. Тој со себе носеше и врзоп земјоделски плодови, алудирајќи дека тоа е златото од струмичките ниви.

Активистите, пак, гласни веќе шеста година, порачаа дека не се уморни. За нив активизмот ќе заврши со конечното затворање на ова прашање.

„Правевме протести во Босилово, Ново Село, моторизирани каравани низ струмичката котлина, блокиравме патишта. Седма година сме на улиците, нема да не фатите на кондиција“, вели Митко Ристоманов, активист.

„Мотивацијата и пркосот што ги демонстрирате денес овде длабоко ќе ги замисли и загрижи сите чинители во политиката, во судството, во Владата, во министерството, во партиите. Но, најмногу ќе ги замисли оние што лицемерно делуваат од позадините и сенките на нештата, зашто знаат дека ако бидат разобличени како профитери и поддржувачи на рудник на смртта во општеството, ќе бидат жигосани и презрени. Ова особено важи ако се работи за политички фигури со влијание и моќ,  на одлучување. Замислете како е можно за една иста точка за пропис од локален карактер сокоја се задолжува општината, а не централната власт, да се даде негативно мислење за иницијативи за нови рудници, се оспорува со месеци во две општини во струмичко. 

Во едната општина мнозинство е СДСМ, а во другата е ВМРО ДПМНЕ. Во исто време, во едната општина опозицијата ја поддржува таа точка, а во исто време во другата општина другата опозиција ја поддржува истата точка. Како поинаку да се објасни ова освен лицемерност на политики“, праша Ѓорги Танушев, активист.

Дојдоа и министри од владејачката СДСМ, но и градоначалници и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Претходно, министерката Тренчевска одржа прес-конференција пред општинската организација на СДСМ во Струмица. Рече дека одлуката ќе се преиспитува.

„Ставот на СДСМ за отворање на рудникот во Иловица е ист со ставот на граѓаните од струмичкиот регион.  Владата предводена од СДСМ и надлежните институции нема да дозволат отворање на рудник во Иловица без консултација и одобрение од граѓаните, од локалното население, без запазување на целата постапка и без исполнување на сите стандарди за животна средина  согласно постојното законодавство“, рече министерката Тренчевска.

На новинарско прашање зошто ќе ја преиспитуваат одлуката што е донесена и покрај што управниот суд не барал такво нешто, министерката Шукова вели дека имало две одлуки на управниот суд.

Денеска ИРЛ објавија дека всушност министерот за економија Бектеши ги измамил колегите, затоа што ова прашање било протнато на спорната владина седница со образложение дека спојувањето на концесиите е на барање на Управниот суд.

Концесионерот Еуромакс, пак, обвинува дека ова е негативна кампања која внесува страв и загриженост кај јавноста. Тие ги повикаа активистите преку дијалог да се информираат за сите процеси и предлагаат формирање на „независно тело за мониторинг“ што ќе го следи процесот на реализација и работење на рудникот.

Седма година сме на улиците, нема да не фатите на кондиција

Related posts

Повик за протестна блокада

Димитар Мицев

Остави коментар

Discover more from нота.мк

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading