16/06/2024
нота.мк
Нота Коментар

Алатката која го менува светот


tesla

Не ме загрижува што ми ја украдоа идејата … Ме загрижува тоа што немаат своја.

Никола Тесла

Вештачката интелигенција (AI – artificial intelligence) е алатката што веќе го менува светот во дигиталната сфера. Голем број професии почнаа да ја користат секојдневно. Станува неизбежен дел од работата на индивидуалците и на компаниите. Вештачката интелигенција е доведена до совршенство, ја исполнува желбата на корисникот со 99% успешност и со тоа го намалува времето за извршување на работните и креативните задачи. Графичките дизајнери креираат дизајни без употреба на скапи софтверски решенија и искористување на нивното професионално знаење и умешност. Фотографите креираат фотографии без да бидат присутни на терен и без да ги употребат нивните исклучително скапи апарати и светла.

@andyhafell

Use Bard instead for academic research

♬ original sound – AI Andy

Корисна алатка

Новинарите креираат тестови без да ја употребат својата креативност, без да се присутни на терен, без истражувања и интервјуа. Математичарите и физичарите решаваат проблеми, програмерите креираат програми, видеографите креираат содржини… Примената на вештачката интелигенција едноставно премина од мит во реалност. Сето ова корисниците го имаат на дланка и можат бесплатно да го користат. Тоа навистина ја олеснува работата на многу професионалци. Им отвора простор за создавање на повеќе креации и им овозможува да посветат време само на минимални детали за да дојдат до реализација на нивната идеја.

Ai features

Како што чеканот како алатка е создаден за ковање, а неговата примена во нечовечки и насилнички дејства е голема, така и овие алатки имаат своја посебна употреба од страна на луѓето со сосема различни намери и идеи од тие на создателот.

Злоупотреба на алатката

Веќе сме сведоци на создавање на фотографии и написи кои делуваат сосема реално, но, сепак се лажни фотографии и дезинформации. Покрај фотографиите и информациите, кои и досега можеа да се направат со помош на различни програми и алатки, но со многу голем труд и доста време, денес сведочиме и видео снимки, интервјуа, гласови, презентери кои презентираат некаква вест и сето тоа креирано од вештачката интелигенција. Многу голема е веројатноста да бидат излажани дури и оние кои се професионалци во дејноста. Ваквите креации создаваат голема загриженост или проблеми на некои луѓе, посебно на јавните личности.

Оваа го вклучува алармот особно на фактчекерите и на големите онлајн корпорации, кои пак, паралелно со развивањето на вештачката интелигенција го развиваат и програмското разбирање и создаваат алатки за разбирање на продуктите – дали се направени со користење на вештачка интелигенција. Односно, да ги идентификуваат реалните од нереалните продукти. Со користење на алатките за идентификација се олеснува процесот на докажување на дезинформацијата од страна на инволвираните во неа, или пак консументите.

Комбинација на вештачката интелигенција и социјалните медиуми

И тоа можеби и не е најстрашниот дел. Сигурно никој родител не размислува како би рефлектирало на иднината на сопственото дете некое постирано видео или пак фотографија на социјалните мрежи. А најмалку пак да размислува како тоа би можело да се искористи во комбинација со алатките на вештачката интелигенција. Социјалните мрежи почнаа да ги едуцираат своите корисници за важноста за одговорно користење на нивните приватни профили. Статистиката вели дека дури 7 од 9 пријатели на Фејсбук никогаш не се ни сретнале во животот. Со ова корисниците на социјалните мрежи придонесуваат нивниот приватен живот да стане отворен за јавноста дури и за најприватните моменти.

Затоа, важно е дигиталните платформи да се користат паметно и внимателно. Пред да се создаде некоја содржина на социјалните мрежи, треба да се има основни познавања за користење на паметиот уред на правилен начин. Корисниците мора да знаат дека споделувањето на дезинформации на одреден начин ги изедначува со креаторот на дезинформацијата, затоа што стануваат соучесници во неговите намери.

Автор: Димитар Мицев

Related posts

Вештачката интелигенција – нова алатка за креирање дезинформации

Сузана Мицева
Се одчитува....

Discover more from нота.мк

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading