22/04/2024
нота.мк
Актуелна Нота

Моноспитово и Струмица се сеќаваат на претседателот Трајковски

Скромен и тивок, но добар и исполнителен човек. Вака го паметат сожителите од родното Моноспитово поранешниот претседател Борис Трајковски. Велат, таков бил од дете, а ист останал и кога станал претседател. За него имаат малку спомени, бидејќи кратко живеел во селото, но приказните и добрата мисла останала меѓу жителите. Спомени за него споделија и пријателите од Струмица кои денеска му се поклонија пред споменикот во градскиот парк.

Дваесетгодишнината од трагичната смрт на претседателот Трајковски се одбележа во неговата Струмица, но и на градските гробишта Бутел во Скопје.

„Во родната земја цел му беше да ги натера Македонците, Албанците и сите други граѓани да работат за остварување на неговата визија за Македонија. Земја на луѓе со различни етнички потекла, религии и култури, но обединети во визијата за економски просперитет, образование за сите, безбедност, стабилност и соработка“ – Костадин Костадинов, градоначалник на Општина Струмица

Kostadin Kostadinov

Претседателот Трајковски и осумчлената делегација загинаа на 26 февруари 2004 година на пат кон Мостар, Босна и Херцеговина, каде требаше да учествуваат на Меѓународна конференција.

Се одчитува....

Discover more from нота.мк

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading